/  Инструктор-менторска работа
 
   
   
 
 
 
  Инструктор-менторска работа


Инструктор-менторската работа којашто Александрија ја нуди овозможува персонализирано подучување и обука на работно место спроведена со цел да ги зајакне IT вештините и да го зголеми трансферот на знаење од училница на работното место. Без разлика на тоа дали се купува како додаток на обуката кај Вас или претставува независен ангажман за пополнување на недостатокот на одредени вештини, инструктор-менторската работа нуди интензивна обука чијашто цел е да доведе до постигнување на брзи резултати.


  Инструктор-менторската работа може да Ви помогне да:

  • Ја забрзате имплементацијата на проектите коишто се од суштинско значење за мисијата.

  • Обезбедите краткорочна помош при инсталирањето на производот, прилагодувањето, преселбата, развивањето или усогласувањето на перформансите.

  • Дадете одговор на прашања коишто се појавуваат само во средина на корисници/потрошувачи.

  • Ги искористите сите аспекти на производот со цел да добиете максимум резултати.

  • Дадете пред-обука којашто е неопходна да се спроведе пред одржување на приватен час кај Вас или лице в лице обука за активностите  поврзани со учење преку Интернет.

  Поради својата флексибилност, инструктор-менторската работа може да биде:

  • Со траење од еден или повеќе дена.

  • Структуирана од клиентот или неформално заснована на потребите на вработените

  • Рапоредена пред/после обуката кај Вас или да биде независна од истата

Забелешка: Менторските услуги не претставуваат замена за обуката во училница и во овој случај студентот не добива материјали за обука.