|
Дали некогаш сте се запрашале што не инспирирало да го избераме името Александрија? Одговорот е големата кралска библиотека во Александрија. Еве ја приказната за неа.
Библиотеката во Александрија
Некогаш најголемата библиотека во светот, Кралската библиотека на Александрија во Александрија, Египет имала околу 700,000 книги. Се верува дека библиотеката била основана во почетокот на третиот век п.н.е, за време на владеењето на Птолеми Втори. Таткото на Птоломи го имал изградено првиот дел од комплексот на библиотеката, храмот на Музите, наречен Musaion, од каде што дошол и денешниот термин музеј.
Докажано е дека библиотеката била уништена во пожар, но деталите за уништувањето остануваат извор на контроверзии. Загубата на библиотеката е една од најголемите загуби на човештвото, бидејќи во неа ја имало историјата на генерации и држави, а не само на Египет.
Во библиотеката имало околу пет илјади томови на паприрусни ролни напишани на рака. Философи и учени луѓе од сите страни на светот, ја посетувале библиотеката за да учат и за да ја дополнат нејзината голема колекција. Се вели дека Архимед ја посетил Алкександрија еднаш и дека останал да учи во неа со часови. Многу често научниците ги препишувале старите ролни на папирус коишто биле избледени низ годините.
Она што е важно за Александрија е дека во потрага по знаење во неа се собирала целата учена заедница. Бидејќи секоја добра библиотека живее преку својата заедница на философи и учени луѓе, Александрија здомила околу стотици учени луѓе коишто жувееле таму за да го истражуваат минатото и да ги откриваат тајните на природата, и илјадници други коишто секојдневно ја посетувале за да го откријат она што многу луѓе пред нив го запишале на папирусните ролни. Тоа била заедница на вистината составена од луѓе од сите етнички и религиозни групи коишто се зближиле преку дебатите за природата и историјата, при тоа поправајќи ги направените грешките и додавајќи детали.
За градот Александрија
|
Градот Александрија бил основан по наредба на Александар Македонски во 331п.н.е. Простирајќи се на устието на реката Нил, со поглед кон синото Медитеранско пристаниште и светлото, јако сонце, Александрија уште на прв поглед потсетувала на голем и успешен град.
И секако, Александрија, мермерниот град, станала една од најголемите метрополи во светот. Кралските палати и јавните објекти се простирале на една четвртина од градот, а останатиот дел биле приватни куќи изградени од камен.
Градот бил поделен на препознатливи области во коишто живееле Египќаните, Евреите и Грците, а на улиците можело да се сретнат народи од целиот свет, како на пр. Македонски војници, Африканци, Вавилонци, Сиријци, Персијци, Италијани и Келти.
 |
Но, она по што градот и најмногу се памети е неговата грандиозна библиотека, нејзините ходници, сали и предавални, во коишто за прв пат можело да се учи систематски. За прв пат, интелектуалниот извор на знаење во светот бил собран на едно место, бил зачуван и организиран.
Се појавиле нови научни дисциплини и знаењето почнало да се проширува и мултиплицира. Човештвото зачекорело нанапред, засекогаш.
|