| |
Информации за вработени (индивидуалци) |
|
Ако сте IT професионалец тогаш на Вас повеќе од било кој друг Ви е јасно дека за да останете конкурентни и компетентни и најмногу од се’, за да напредувате во својата професија, треба континуирано да ги надградувате своите знаења.
Ако пак сте “заглавени” на работно место кое не Ве прави премногу среќни и е далеку од светот на IT, а сметате дека можете и заслужувате повеќе од тоа што денес го имате, Александрија има решение за Вас: вонредни студии кои за релативно кус период ќе Ви овозможат да ги стекнете знаењата и вештините кои ќе Ве одведат до ново, подобро платено и поквалитетно работно место.
И за IT професионалците и за оние што тоа сакаат да станат, Александрија има решенија кои ќе им помогнат да ги остварат своите цели:
- Академија на Информациони Технологии е професионална, Non-Degree студиска програма која ќе те подготви за работно место според барањата на работодавците ширум светот. Со помош на овие студии можеш за само една или најмногу две години да станеш: мрежен инженер, мрежен техничар, веб мастер, графички дизајнер, вед дизајнер, специјалист за продажба или специјалист за поддржка.
- Ако Ве интересира какви се информатички професии постојат денес, посетете го делот од нашиот веб сајт наречен Кариера. Освен тоа, таму ќе дознаете каква е побарувачката, колку се платени ИТ професионалците и уште многу други интересни нешта.
- За да Ви помогнеме на брз и лесен начин да откриеш каква професија најмногу прилега на твојот карактер, го подготвивме тестот за професионална ориентација. Тестот е бесплатен.
- Своите информатички знаења можете ги надградите со помош на Курсевите за IT професионалци.
- Без оглед на тоа дали сте IT професионалец или сакате да станете, солидното познавање на англискиот јазик е нешто што секако ќе Ви биде потребно. Ако сакате да дознаете колку добро го владеете англиски, во рамки на нашиот веб сајт можете самите да се тестирате, а ако утврдите дека Ви е неопходно “освежување”, повелете на некој од нашите курсеви за англиски јазик.
|