Информации за студенти
 
   
   
 
 
 
  Информации за студенти

Уште само малку и ќе дипломираш. Потоа, како многу други твои колеги ќе тргнеш во потрага по работно место. Но, дали знаеш што те чека надвор? Дали знаеш што бараат работодавците?

Истражувањата кои мината година ги спроведе помеѓу работодавците покажаа дека:

  • Студентите на факултетите стекнуваат теоретско знаење. Работодавците бараат практични знаења и индустриски сертификати.

  • Практичните знаења се пресудни за вработување во околу 73% случаи.

На овие страници ќе откриеш како сé Александрија може да ти помогне за да си ги зголемиш шансите да дојдеш до подобро работно место.

  • Академија на Информациони Технологии е професионална, Non-Degree студиска програма која ќе те подготви за работно место според барањата на работодавците ширум светот. Со помош на овие студии можеш за само една или најмногу две години да станеш: специјалист за компјутерски мрежи, мрежен техничар, веб дизајнер, графички дизајнер, специјалист за поддршка и специјалист за продажба.

  • Ако те интересира да дознаеш нешто повеќе за тоа какви се информатички професии постојат денес, посети го делот од нашиот веб сајт наречен Кариера. Освен тоа, таму ќе можеш да дознаеш колку се барани и колку се платени ИТ професионалците и уште многу други интересни нешта.

  • Без оглед на тоа која година си, Александрија располага со курс за англиски јазик на соодветно ниво за тебе.