Информации за родители
 
   
   
 
 
 
  Информации за родители


Голем број родители понекогаш се сомневаат дека нештата кои им ги говорат на своите деца воопшто допираат до нив. Но, истражувањата покажуваат дека родителите се едни од највлијателните луѓе во животите на тинејџерите, особено кога станува збор за изборот на образование и идна професија.

Она со што се занимава Александрија е токму образованието и подготвувањето на младите луѓе за соочување со иднината. Но, тоа не е единствената работа што ја правиме тука. Меѓу другото, го слушаме и гласот на работодавците. Ги следиме истражувањата за потреба од работна сила и се обидуваме да создадеме кадар според потребите на пазарот.

Како родители, Ваша должност е да им ги обезбедите сите услови на Вашите деца што се неопходни тие да се подготват за кариера во 21 век.

За остварување на таа цел Александрија може да Ви помогне на следниов начин:

Детската Академија (за деца на возраст 7-14 год) е дополнување на постоечкиот образовен систем, а составена е од две катедри:

  • Катедра за Информациони Технологии (тематски базирани проекти, најчесто поврзани со некоја професија)
  • Катедра за Англиски јазик

Цел на Детската Академија е децата да стекнат знаења и вештини на начин прилагоден на нивната возраст.

Без оглед на возраста на Вашето дете, Александрија располага со курс за англиски јазик на соодветно ниво за него (неа).
  1. Ако Вашето дете е средношколец, веќе има стекнато солидни основни знаења за работа со персонален компјутер и притоа го интересира да научи нешто повеќе, Александрија има интересна палета курсеви за компјутери за тинејџери кои се изведуваат еднаш неделно – секоја сабота.

  2. Ако сте родител на матурант, Тестот за професионална ориентација на брз и лесен начин (и бесплатно!) ќе му помогне на Вашето дете да открие каква професија би му била најсоодветна.