Информации за работодавци
 
   
   
 
 
 
  Информации за работодавци


Како раководител, ја играте можеби најодговорната улога од која зависи успехот на целата Ваша организација. Веројатно сте еден од оние кои ги донесуваат правците на развој, ги поставувате целите и ги донесувате конечните одлуките. Но, остварувањето на сето тоа паѓа врз грбот на вашите вработени. Затоа, од извонредно значење е тие да имаат соодветни информатички знаења и вештини за да можат да помогнат во остварувањето на деловните цели и задачи.

Она што Александрија со години го прави е слушање на гласот на работодавците. Ги следиме истражувањата за потреба од работна сила и се обидуваме да создадеме кадар според потребите на пазарот, т.е. според Вашите барања.

Еве накусо, што се’ може Александрија да Ви понуди на вас и на Вашата организација за да ги остварите Вашите зацртани цели:

  1. Академија на Информациони Технологии е професионална, Non-Degree студиска програма со која подготвуваме млади луѓе за работни места според барањата на работодавците ширум светот. Со помош на овие студии за само една или најмногу две години создаваме:
Област Звање кое се стекнува
студенти
должина
Компјутерски мрежи Мрежен инженер
24
2 години
Мрежен техничар
9
1 година
Интерактивни медиуми и уметности Веб дизајнер
20
1 година
Графички дизајнер
10
1 година
ИТ поддршка и услуги Специјалист за поддршка на корисници
10
1 година*
Специјалист за продажба на ИТ
10
5 месеци*

Доколку имате потреба од ваков вид кадри, бидете слободни да ни се обратите и ние (без надомест!) ќе Ви ги испратиме на разговор оние студенти кои се на располагање.

  1. Доколку пак имате потреба од надградување и стручно усовршување на знаењата на Вашите вработени, Александрија располага со широка палета на Курсеви за IT професионалци и курсеви за корисници како и курсеви за англиски јазик со која повеќе од сигурно можеме да ги задоволиме и Вашите потреби.

  2. За да ги задоволиме специфичните желби и барања на нашите клиенти, развивме цела палета на дополнителни услуги:
За крај, подготвивме и партнерска програма за деловно-техничка соработка преку која можете да обезбедите голем број привилегии за себе и за својата организација.