Информации за матуранти
 
   
   
 
 
  Информации за матуранти


Уште само малку и ќе матурираш. Со завршувањето на средното образование за претежниот дел од матурантите не завршува учењето. Си размислувал(а) ли што понатаму? Една работа што твоите родители ја очекуваат од тебе е да донесеш одлука за тоа што сакаш да бидеш. Изборот на твојата идна професија е една од најважните одлуки што ТИ треба сам(а) да ги донесеш.

Она со што се занимаваме во Александрија е токму образованието и подготовката на младите луѓе за најбараните, највозбудливите и одлично платени работни места на 21-от век. Но, тоа не е единствената работа што ја правиме тука. Меѓу другото, го слушаме и гласот на работодавците. Ги следиме истражувањата за потреба од работна сила и создаваме кадар според потребите на пазарот.

На овие страници ќе откриете многу важни податоци кои треба да Ви помогнат полесно да ја донесеш одлуката поврзана со изборот на професија.

  1. Академија на Информациони Технологии е професионална, Non-Degree студиска програма која ќе те подготви за работно место според барањата на работодавците ширум светот. Со помош на овие студии можеш за само една или најмногу две години да станеш: специјалист за компјутерски мрежи, вебмастер, веб дизајнер, графички дизајнер или видео-монтажер.

  2. Ако те интересира да дознаеш нешто повеќе за тоа какви се информатички професии постојат денес, посети го делот од нашиот веб сајт наречен Кариера. Освен тоа, таму ќе можеш да дознаеш колку се барани и колку се платени ИТ професионалците и уште многу други интересни нешта.

  3. За да ти помогнеме на брз и лесен начин да откриеш каква професија најмногу прилега на твојот карактер, го подготвивме тестот за професионална ориентација. Тестот е бесплатен.

  4. Без оглед на тоа која година си, Александрија располага со курс за англиски јазик на соодветно ниво за тебе.

  5. Ако веќе има стекнато солидни основни знаења за работа со персонален компјутер и притоа те интересира да научиш нешто повеќе, Александрија има интересна палета курсеви за компјутери за тинејџери кои се изведуваат еднаш неделно – секоја сабота.