ИТ Основи: PC Хардвер и софтвер е дво-семестрален курс со обем од 100 часа кој обезбедува сеопфатен преглед на суштинските и вовед во напредните компјутерски концепти. Наменет им е на сите оние кои тежнеат кон градење кариера во ИТ и сакаат да стекнат практични знаења за тоа како работат компјутерите. Преку практични лабораториски активности на студентите им стануваат блиски сите видови компјутерски хардвер и софтвер, притоа откривајќи ги најдобрите практики за одржување и безбедност.
По завршувањето на курсот студентите ќе знаат да ги опишат сите компоненти на еден компјутер, да состават компјутерски систем, да инсталираат оперативен систем и да отклонуваат проблеми со помош на системски алатки и дијагностички софтвер. Ќе бидат способни да пристапат на интернет, да ги поврзат компјутерите во мрежа и да ги делат ресурсите во мрежно опкружување. Курсот ИТ Основи: PC Хардвер и софтвер ги покрива и следниве теми:
- Лаптопи и преносни уреди
- Безжично поврзување
- Сигурност
- Безбедност и прашања врзани за околината
- Комуникациски вештини
ИТ Основи: PC Хардвер и софтвер им помага на студентите да се подготват за почетнички ИТ позиции во различни опкружувања. Исто така, ќе им помогне да развијат одлични вештини и стекнат самодоверба во работење со десктоп и лаптоп компјутери.
ИТ Основи: PC Хардвер и софтвер е поделен во два дела. Првиот дел обезбедува основни знаења кои се во сообразност со испитот CompTIA A+ Essentials, додека вториот дел ги истражува напредните концепти во поголема длабочина и обезбедува можности за нивна практична примена.
Во првите 10 глави опфатени се следниве вештини и компетенции:
- Суштински знаења за најновиот хардвер и софтвер
- Вештини за информациска безбедност
- Лични вештини неопходни за развој на кариера
Главите 11-16 ги покриваат следниве вештини и компетенции:
- Напредни вештини за отклонување проблеми
- Подготовка за сите три испити за сертификација на CompTIA за работно опкружување
- Напредна инсталација на компјутери, периферни уреди, мрежни и безбедносни компоненти
ИТ Основи: PC Хардвер и софтвер е авторизиран CompTIA курикулум кој им помага на студентите да се подготват за CompTIA A+ испитите. Основниот дел од курсот, опфатен во главите 1-10, е подготовка за испитот CompTIA A+ Essentials. Напредниот дел од курсот, глави 11-16, ги подготвува студентите за испититот IT техничар (220-702).
За да го стекнат сертификатот CompTIA А+, студентите треба да положат два испита: A+ Essentials (220-701) и (220-702). По сертифицирањето, студентите се квалификувани да работат како професионалци за поддршка или техничари во голем број работни опкружувања и индустрии.
Овој курс е израмнет и со целите на првите три модула од Европскиот сертификат за Информациски професионалци EUCIP - European Certification of Informatics Professionals (EUCIP) IT Administrator certification (http://www.eucip.org): Модул 1: ПЦ хардвер, Модул 2: Оперативни системи и Модул 3: Локални компјутерски мрежи и мрежни сервиси.
Конечно, курсот ИТ Основи: PC Хардвер и софтвер е одлична основа за сите оние кои имаат намера да градат професионална кариера во област на ИТ, продолжувајќи го школувањето на натамошни студии од област на информациските технологии. |