| |
Добредојдовте на Академијата за ИТ |
|
Во времето во кое живееме информационата технологија (ИТ) е таа која ја движи светската економија и ги поврзува луѓето, идеите и капиталот. Денешните компании не би можеле да преживеат, ниту би биле она што се' без ИТ професионалците. Затоа, не се изненадувачки резултатите на многу истражувања според кои кариерата во оваа област спаѓа во групата најперспективни. И, што е уште поважно, тоа нема да се смени ниту во наредните десетина години.
Се' до пред извесно време сите оние кои сакаа да се подготват за кариера во ИТ имаа само една опција - академското образование. Академскиот пристап е добар, но има свои недостатоци: наставата е премногу теоретска а премалу практична.
Тоа го знаат и студентите и работодавците. Од друга страна, најважниот играч - работодавците имаат сосема поинакви барања.
Неодамна изведените истражувања во нашава земја само го потврдија фактот дека работодавците бараат луѓе кои поседуваат практични знаења од одредена област, сето тоа потврдено со индустриски сертификати.
Академијата на ИТ Александрија е прва и засега единствена приватна професионална образовна установа во нашата земја, која ги подготвува студентите за возбудливи, добро платени, динамични занимања во областа на Информационите Технологии (ИТ) но на начин кој го бараат работодавците.
Сега, сите оние кои сакаат да градат кариера во област на Информационите Технологии имаат можност повеќе и можат да избираат помеѓу академската и професионалната патека на образување.
Главни карактеристики на овој систем на образование се:
- пократко времетраење на студиите (најмногу 2 год.)
- наставната програма е направена според опис на работно место
- наставата е претежно практична
- испитните прашања ги подготвува индустријата
- испитите се изведуваат на компјутер со што се елиминира секаква можност за субјективност, мито и корупција.
Завршувајќи ги студиите, освен што ќе ја стекнат дипломата на Академијата на ИТ, студентите ќе го збогатат своето професионално портфолии со неколку глобално признати индустриски сертификати, издадени директно од Microsoft, Cisco, SUN Microsystems, CIW, Adobe.
|