| |
IDC: Недостаток на мрежни вештини во 2005 |
|
|
Извештај на IDC за недостаток на мрежни вештини
Серијата на IDC истражувања направени со пресметување на јазот на мрежни вештини на европскиот и на новите пазари предвидува постоење на значителни недостатоци на мрежни вештини
За потребите на Cisco Systems, IDC направи четири извештаи за јазот на мрежни вештини коишто се однесуваат на 40 земји во Западна и Источна Европа, на Блискиот Исток и Пакистан, Израел и Јужна Африка. Овие извештаи се засноваат на резултатите од истражувањата на големи корисници спроведени во 2005 и 2006 година со цел да ги предвидат проблемите што би се појавиле во иднина, употребата и развојот на мрежните вештини и улогата на мрежата во организациите.
За потребите на истражувањето се направија повеќе од 1.000 интервјуа со одговорните за информатичка технологија (CIO) во организации од секаков обем коишто припаѓаат во некој од следниве сектори: владин сектор, телеком, секторот за здравствена заштита, образовниот и претприемачкиот сектор. Податоците за истражувањето истотака се засноваа на економски и статистички индикатори како што се на пример, БДП(Бруто домашен производ), стапката на невработеност, проценките за ИТ работна рака, податоците за упис во образовните институции и порастот на населението.
Податоците до коишто се дојде покажуваат дека постојат значителни јазови на вештини почнувајќи од сега па се до 2009 година. Во земјите на Западна и Источна Европа, постои најголема концентрација на недостаток на вештини во однос на напредната технологија, додека пак на Блискиот Исток, Пакистан и Јужна Африка се предвидува дека побарувачката на сите мрежни вештини во 2009-тата ќе ја надмине понудата на истите за 40% во некои места, и за повеќе од 30% во поголемиот дел од нив.
Cisco направи програма за Академијата за мрежи со цел да ги сподели своите стручни знаења и да им помогне на заедниците да ги задоволат потребите за обука во новите технологии. Програмата помага да се обезбеди константна понуда на обучени лица на пазарот. Серијата истражувања на IDC за недостаток на мрежни вештини дава јасен приказ на географските области и технологиите кадешто постои најитна потреба за обука.
|