Графичките дизајнери во својата работа оживуваат многу различни типови комуникација. Тие произведуваат дизајни кои ги пренесуваат пораките на нивните клиенти со помош на нивното силно визуелно влијание врз восприемачите. Оваа професија бара изразено чувство за бизнис во комбинација со креативен талент.
Графичко-дизајнерската подготовка е потребна при изработка и изведување на најразновидни производи и активности, вклучително:
- веб страни
- пакување
- книги и списанија
- да даде насока за употреба на бои и стилови, да дефинира предлог дизајни
- корпоративен идентитет-креирање визуелен бренд на компании
- маркетинг
- изложби
- компјутерски игри
Задачите кои се бараат од овој тип работа подразбираат:
- проучување на барањата на еден понуден проект (брифинг)
- пресметување на потребното време за изработка на проектот и проценка на паричната вредност на услугата
- смислување дизајнерски концепти за задоволување на потребите на клиентот
- презентирање на можни опции за дизајнерски решенија
- изработка на финален дизајн, работење во согласност со крајни рокови и ограничен буџет
- корекции на дизајнот во согласност со финалните коментари на клиентите.
Покрај груби скици на хартија, поголемиот дел од работата на графичкиот дизајнер бара работа на компјутер. Графичките дизајнери употребуваат специјализирана индустриска програмерска графика или мултимедијални софтверски пакети.
Графичките дизајнери може и да комбинираат различни медиуми и техники (на пр. фотографија и илустрација) за да ги добијат потребните резултати.
Графичките дизајнери може директно да соработуваат со своите клиенти. А доколку работат во агенции, може да комуницираат со клиентот преку посредник/менаџер одговорен за таа работа кој редовно има брифинзи со дизајнерот или целиот тим.
Графичките дизајнери исто така треба блиско да соработуваат со другите колеги кои се вклучени во истиот проект, како копи-рајтери, фотографи, маркетинг менаџери, советници за продажба и сл. Во други случаи, за да добијат одредени проекти, графичките дизајнери треба и да изведуваат формални презентации за понуда на своите идеи пред потенцијални клиенти.
Работно време и работна околина
Графичките дизајнери обично работат околу 37 часа неделно, од понеделник до петок. Дополнителни саати се вообичаени, особено кога се работи на клучен проект со зададен краен рок. Можна е и хонорарна работа.
Многу дизајнери работат и самостојно, откако ќе стекнат неколку години искуство.
Работата обично се работи во дизајнерски тимови во отворени дизајнерски студиа приспосебени за тимска работа. Бара долго седење и работа пред компјутер со часови. Дизајнери кои работат самостојно може да работат и во домашна средина или да делат простор со други соработници. Во некои случаи се потребни и патувања за состаноци со клиентите.
Вештини и лични карактеристики
Еден графички дизајнер треба да поседува:
- креативен талент
- истакнат визуелен осет
- оригиналност
- особени компјутерски вештини
- доверба (да ги презентира и објаснува идеите на колегите и клиентите)
- способност да ги разбере потребите на клиентот и да смета на практични решенија
- способност да обрнува внимание на детали
- способност да ја балансира работата помеѓу неколку проекти истовремено
- добри тимски вештини
- флексибилност
- свесност за конкурентната бизнис околина и незиниот развој
- стабилен и реален поглен на работите кога некоја идеја или дизајн ќе биде одбиен.
Интереси
Особено важно за графичкиот дизајнер е да има интерес за:
- графика и типографија
- да ги следи новините на Интернетот
- новините и развојот на дизајнерскиот софтвер.
|