Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata
 
  Графички дизајнер


Без оглед дали станува збор за лого на компанија, име на тим врз спортски дрес или етикета од лименка, графичките дизајнери ги создаваат најпрепознатливите симболи во светот. Дали сте вие подготвени да ја употребите вашата уметничка дарба и да станете првокласен графички дизајнер? Сето тоа може да започне овде, со диплома за Графички Дизајн од Академијата на ИТ Александрија.

Нашата програма ги подготвува студентите со основни знаења од областа на индустријата на графичкиот дизајн. Преку неа, како и во повеќето наставни програми за графичка уметност, студентите ќе научат да креираат ефективни дизајнерски решенија кои визуелно комуницираат, како во печатени така и во мултимедијални средини.

Нашата програма е посебна затоа што студентите развиваат практични вештини потребни за функционирање во денешниот свет на технолошкиот бизнис. Покрај тоа, во ИТ Академијата на Александрија се изучуваат и индустриски релевантни технологии, така што студентите се подготвени за сите предизвици во својата кариера.

Во светот на графичкиот дизајн, вистинските креативни уметници користат основни елементи како на пр. боја, типографија, цртеж и композиција и создаваат пораки што убедуваат, мотивираат или инспирираат. Новата програма по Графички Дизајн во Академијата на ИТ Александрија ви го нуди токму тој вид обука. Веќе нема потреба да одите надвор од Македонија за да стекнете цврста основа во дизајнот и графичките уметности. Користејќи го вашиот уметнички талент ќе научите да креирате:

  • брошури
  • печатени изданија/публикации (книги, постери, флаери и др.)
  • изложби
  • упатствени материјали (прирачници, мапи, формулари и др.)
  • знаци, симбол и чувство за дизајнерска употреба на знаковноста
  • основна илустрација
  • пакувања и амбалажа и многу друго

По звршување на студиите ќе бидете подготвени за позиции како што се:

  • Уметнички директор
  • Приправник графички дизајнер
  • Приправник во поготовка за печат
  • Електронски издавач

Можете да работите и во:

  • Дизајнерски ателјеа
  • Издавачки куќи
  • Маркетинг оддели