Често поставувани прашања

П. Дали материјалот од учебниците за прва и втора година ќе биде доволен за да ги покрие сите теми освен програмирање?
О. Материјалот од тие учебници ќе покрие точно 50% од прашањата.

П. Каква ќе биде структурата на прашањата?
О. Вкупниот број прашања е 50. Oд кои 25 се од област покриена со наставната програма (Windows, Word, Excel, Internet). Останатите 25 прашања се од областите хардвер, интернет, програмирање, веб дизајн и графика, од секоја по 5 прашања.

П. Во нашето училиште не учевме програмирање. Сепак, ме интересираат компјутерите. Дали има смисла да се пријавувам на натпреварот?
О. Прашања од област програмирање ќе има вкупно 5 од кое дел се тест на логика. И без да имаш знаење од програмирање, ако другите области ти се бар малку познати, имаш добри шанси за успех. Значи, пријави се уште веднаш!

П. Дали програмерската логика ќе се проверува на логички тест?
О. да, ќе постојат и логички тестови, што значи дека некој и не мора да знае програмирање за да го реши...

П. Кој ги подмирува патните трошоци?
О. Секој ученик сам ги подмирува трошоците до Александрија и назад.

П. Зошто натпреварот е на англиски јазик?
О. Поради две причини: прво затоа што немаме можност да правиме двојазични тестови, а второ затоа што оној што сака да биде вистински ИТ професионалец неопходно е да го владее добро англискиот јазик.

П. Од кои книги да се подготвувам за натпреварот?
О. За почеток е доволно да се користат учебниците по информатика. Со нив се покриени барем 50% од прашањата. Другите прашања се од општа информатичка култура од областите хардвер, интернет, програмирање, веб дизајн и графика. Ако си еден (една) од оние кои компјутерот им е омилена играчка, “киснеш” по играчници и интернет, следиш информатички емисии и часописи, посебна подготовка нема да ти биде воопшто потребна.

П. Дали се добива некаков документ за учество?
О. Да. Секој натпреварувач добива сертификат за учество на натпреварот и вредносен ваучер со вредност од 50 евра.

П. За што може да се искористи вредносниот ваучер?
О. Ваучерот може да се искористи во случај кога ученикот сака да се запише на студии на Академијата на ИТ.

П. Каде и кога се подигаат наградите?
О. Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе се изведе во рамки на настанот Образовно рандеву на Скопскиот саем, во организација на МАССУМ и USAID SEA. Датумот и часот ќе се објават на нашата веб страница.

П. Дали има ограничување за бројот на пријавени ученици по училиште?
О. Не. Единственото ограничување е вкупниот број на учесници – 480. Најмногу толку ученици ќе можат да го тестираат своето знаење во текот на двата денот колку што ќе трае натпреварот. Доколку бројот на пријавените јанадмине таа бројка, ќе биде организирано дополнително квалификациско пред-тестирање кое ќе биде on-line, а ќе се изведе во училиштата, во компјутерските лаборатории во термин што дополнително ќе биде објавен.