Дигитален дизајн: Основи на веб дизајнот

Дигитален дизајн: Основи на веб дизајноте едногодишен, дво-семестрален курикулум со обем од 100 часа, заснован на проекти со кои се учат вештините за дигитална комуникација во контекст на професионален веб дизајн и процес на развој со користење на Adobe алатки. Дигитален дизајн развива четири клучни области на вештини:

  • Раководење со проекти (Project management)
  • Дизајн
  • Комуникација
  • Професионални алатки за развој на веб
Студентите ги развиваат овие клучни вештини постепено – секој следен проект внесува нови предизвикувачки вештини кои ги надградуваат претходно стекнатите.

Дигитален дизајн: Основи на веб дизајнот ги адресира сите овие области, со користење на пристап заснован на проекти. Секој проект има фази кои следат различни процеси на дизајн и развој, од планирање на проектот до евалуација и започнување на проектот. За да се симулира работната околина во која работат вистинските професионалци, студентите постепено ја мигрираат својата дизајнерска работа од индивидуален кон групен процес. Дизајнот и техничката работа во својата основа се повторливи процеси, па затоа проектите содржат активности кои од студентите бараат евалуација а потоа и редизајн и преработка на комуникацијата. Посебно внимание е посветено и на развојот на концептите и принципите на целосен, ефективен дизајн.

Овој курс ги подготвува студентите за полагање два испита со кои ги стекнуваат сертификатите Adobe Certified Associate, Web Communication using Adobe Dreamweaver CS и Adobe Certified Associate, Rich Media Communication using Adobe Flash CS.

  Проекти во првиот семестар

Во првиот семестар на студиите Дигитален Дизајн се развиваат вештините кои ја поставуваат основата за продуцирање решенија за веб комуникации: принципи на графички дизајн, storyboard (план за ТВ емисија или филм), развој на веб, одделни проект менаџмент вештини како на пример интервјуирање и правење распоред за изведување на проект, прегледување и редизајн. Проектните активности се фокусирани на развој на ефективни комуникации кои можат да бидат развивани на интернет. Клучните вештите кои се развиваат во овој семестар се:

  • Интервјуирање и реагирање на повратен одговор
  • Дизајнирање веб страна за клиент
  • Решавање проблеми
  • Процес на дизајнирање и ефективната комуникација
  • Подучување на соработниците во работно опкружување
  • Техничко веб издаваштво
Во овој семестар студентите користат Adobe Fireworks CS за да развијат статична и интерактивна графика и Adobe Dreamweaver CS за дизајнирање и изработка веб страници.
  Проекти во вториот семестар

Вториот семестар на студиите Дигитален Дизајн ги развива вештините за дизајн и развој со фокус на богати мултимедиски содржини базирани на Adobe Flash како и дизајн и развој на веб страни. Студентите продолжуваат да работат и индивидуално и во тимови и изработуваат богати мултимедиски содржини за веб страни на клиенти. Тие се фокусираат на ефективен дизајн на мултимедиски содржини, мултимедиски storyboard, спецификации на дизајн и повторлива комуникација за развој на дизајнот со клиенти. Резултатот од нивната работа - дизајнот и визуелни компоненти потоа се прегледуваат од страна на клиентот. Исто така, тие развиваат богати мултимедиски дизајни со кои се решаваат специфични комуникациски предизвици. Конечно, тие ги градат техничките вештини за да ги задоволат потребите на клиентите и публиката. Клучните вештини кои се совладуваат во овој семестар се:

  • Интервјуирање и реагирање на повратен одговор
  • Комуникација со клиенти со користење документација за дизајн или спецификации
  • Дизајн и редизајн во согласност со спецификациите на клиентот
  • Технички мултимедиски вештини (филмски ефекти и транзиции)
  • Решенија за дизајн, вклучително ефективни навигациски системи
Во овој семестар студентите користат Adobe Flash CS за да применат решенија за дизајн кои барат богати мултимедиски содржини и интерактивност.
  Наставна програма

1: Графички дизајн со Adobe Fireworks CS
Во оваа единица студентите учат да креираат, модифицираат и оптимизираат разнообразни дигитални слики.

5: Подобрување на искуствата на корисниците со Adobe Flash CS
Во оваа единица студентите почнуваат да користат Flash за да го подобрат искуството на корисниците на вебот.

2: Електронски портфолија со Adobe Dreamweaver CS
Во оваа единица студентите креираат елементи на електронско портфолио со Dreamweaver и Fireworks.

6: Дигитални раскази со Adobe Flash CS
Во оваа единица студентите користат Flash за да креираат дигитални раскази.

3: Градење на основна веб страна за клиент
Во оваа единица студентските тимови градат веб страна за замислен клиент.

7: Дизајнирање на веб страна за клиент
Во оваа единица студентите дизајнираат веб страна за клиент. Студентите пишуваат дизајнерска документација која треба да им помогне за јасна комуниција со клиентот.

4: Работилница за преглед и испитување
Во оваа единица студентите го совладуваат процесот за прегледување на веб страната што ја создале.

8: Работилница за електронски портфолија
Во оваа единица студентите подготвуваат електронски портфолиа за нивните сработени проекти на крајот од курсот.