Detska Akademija - Brosura  (132KB)
Vikend-Svetsko obrazovanie na zabaven nacin  (191KB)
 
  Врвно знаење на забавен начин

Детската Академија не е во спротивност со постоечкиот образовен систем, туку напротив, претставува негово дополнување. Во овој момент, Детската Академија е составена од 3 катедри за деца од предшколска возраст, односно 2 катедри за деца од 1 до 8-мо одделение. Тоа се: Катедрата за Воспитно-Образовни теми, Катедрата за Англиски јазик и Катедрата за Компјутерски Технологии. Наставата на секоја од овие катедри се изведува континуирано во текот на основното образование со динамика од 2 часа по 60 минути неделно (освен за предшколска возраст која изнесува по 1 час неделно), а ја изведуваат искусни наставници.

  Катедра за Воспитно-образовни теми

Како што кажува самото име, на оваа катедра ќе се обработуваат воспитни и образовни теми, а наменета е за деца од предшколска возраст. Целта е низ игра и забава децата да научат корисни нешта кои што подоцна многу ќе им користат.

Бон-тонот за деца е тема која е особено значајна. Правилата на доброто однесување не се учат лесно, но се составен дел од животот кои децата едноставно мораат да ги научат. На едноставен начин децата ќе научат како треба да постапуваат во одредена ситуација. На пример: како треба да им се обраќаат на возрасните, на непознатите, како да се однесуваат со животната средина (фрлање ѓубре, пишување по маси, лифтови, ѕидови...) и многу други работи. Сето ова тоа ќе го учат на начин прилагоден кон возраста. На пример, тие самите ќе бидат активни глумци во одредена ситуација.

Развивање на патриотски чувства. Песните исто така се составен дел на оваа катедра. Со учењето на стари македонски песни и ора постепено децата ќе ги развиваат патриотските чувства.

Меѓу најважните активности што ќе се изведуваат на оваа катедра се вежбите за графомоторика и вежбите за визуелна перцепција и ориентација. Целта на овие вежби е развојот на визуелната перцепцијата, концентрација и координацијата “око-рака“.

Како резултат на примената на овие вежби, кај децата се развива:

•  Способноста за забележување детали,
•  Концентрација
•  Фина моторика, точност и прецизност,
•  Способност за снаоѓање во простор,
•  Мислење и говор,
•  Детска креативност и верба во сопствени способности
•  Позитивни чувства (доживување на успех) и формирање на низа навики, вештини и сл. Дополнително, децата на овие часови низ игра ќе учат и многу други нешта. На пример, преку цртањето со дрвени, маслени и водени боички ќе учат за боите со што директно се поттикнува развојот на креативноста и фантазијата.

Конечната цел на оваа катедра од Детската Академија е да ги подготви децата за нивниот прв голем чекор во животот: запишувањето во Прво Одделение. Со сите горенаведени но и други неспомнати активности, децата ќе бидат и емотивно и психолошки подготвени за она што ќе ги чека во иднината. Се разбира, една од најважните цели на овие активности е тие да го засакаат учењето и училиштето. А, кога еднаш ќе се засака учењето, тогаш тоа е нешто што трае цел живот.

  Катедра за компјутерски технологии

Наставната програма на катедрата за компјутерски технологии е подготвена е од еден угледен канадско-американски институт за развој на наставни програми, а составена е од 40 тематски базирани проекти, прилагодени на возраста на учениците. Овие 40 проекти се поделени на 4 групи:

•  Проекти за деца од предшколска возраст, вклучувајќи ги и децата од 1-во одделение, односно за деца кои сеуште не знаат на читаат и пишуваат
•  Проекти за деца од 2 и 3 одд.
•  Проекти за деца од 4 и 5 одд.
•  Проекти за деца од 6, 7 и 8 одд.

Наставната програма се базира на современи теории за развој од области на едукативната психологија, педагогија и дидактика. Сите проекти, од првиот до последниот ги следат следниве принципи:


•  Учење преку забава
•  Учење преку практична работа
•  Креативно изразување
•  Емоционално-сигурна средина
•  Кооперативно учење
•  Интеграција на вештини

Со завршувањето на овие проекти, децата се стекнуваат со широки познавања од 10 различни области:

•  Применета технологија,
•  Бази на податоци,
•  Компјутерско издаваштво,
•  Графика,
•  Мултимедија,
•  Работна околина,
•  Програмирање,
•  Табеларни пресметки,
•  Телекомуникации и
•  Обработка на текст

  Катедра за англиски јазик

Наставата за англиски јазик во Александрија се изведува со голем успех веќе 6 години. Ја изведуваат 4 професорки по англиски јазик, а сите имаат одлично имаат големо искуство во работа со деца.

Наставната програма на оваа катедра е подготвена од голем тим специјалисти од Велика Британија, од познатиот Оксфордски универзитет. Овие наставни програми се едни од најквалитетните што денес постојат и по нив луѓе практично од целиот свет го учат англискиот јазик.

Она што е тука важно да се каже е што наставата е прилагодена кон возраста на учениците. За секоја возраст постои посебна книга и работна тетратка.

Наставата на катедрата по англиски јазик се изведува семестрално. Зимскиот семестар започнува во септември, а летниот кон крајот на јануари. За време на изведување на наставата, учениците ќе добиваат домашни задачи а на крајот на семестарот се врши тестирање на стекнатото знаење и доделување дипломи.