CompTIA е водечка асоцијација којашто ја претставува меѓународната технолошка заедница. CompTIA има тенденција да донесе напредок во индустријата преку стандардизација, професионализам, компетентност, образование и деловни решенија. |
|
Со цел да им служи на индустријата и своите членови, CompTIA разви специјализирани иницијативи и програми посветени на главните аспекти на IT индустријата. Тука се спаѓаат: е-трговија, IT обука, софтверски услуги, сертификати, јавна политика и развој на работна сила.
Како авторизиран провајдер на CompTIA® решенија за обука, Александрија нуди курсеви коишто ви ги развиваат оние вештини коишто ви се потребни доколку саката да работите како компјутерски сервисери и професионалци за мрежи во било кое место. Наставната програма на CompTIA, којашто може да ја следите преку класична настава во училница или пак преку Веб-базирани сесии за обука, е од голема помош за сите професионалци коишто сакаат да се сертифицираат преку CompTIA програмата за тестирање. CompTIA сертификатите се:
- Признати индустриски стандарди за основно познавање во IT технологијата
- Може да ви помогнат при полагањето на испити потребни за стекнување на сертификати од типот на Microsoft's MCSA и Novell's CNE.
- Со доживотна важност/валидност. Сертификатите немаат рок на траење, ниту пак треба да се преполагаат.
- Познати во технолошката заедница како еден од најдобрите начини за подем во вашата IT кариера.
Сојузништвото помеѓу Александрија и CompTIA може да ве увери дека содржината којашто ја нудиме за обука е соодветна и може да ве донесе до оној сертификат којшто сакате да го добиете. Откријте која е понудата на CompTIA и прочитајте повеќе за можностите за учење во областа на:
CompTIA A+
A+ е солиден индустриски признат сертификат којшто може да и ги отвори вратите на вашата кариера како компјутерски техничари.
CompTIA Linux+
Linux+ индустрискиот сертификат е меѓународно акредитиран и го верификува знаењето на секој Linux професионалец, којшто има најмалку шест месеци работно искуство во областа. Професионалците коишто сакаат да си го сертифицираат своето техничко знаење од областа на основна инсталација и работа со Linux оперативните системи треба да го имаат во предвид овој сертификат.
CompTIA Network+
Network+ е програма за тестирање спонзорирана од CompTIA којашто е наменета за сите техничари со 18-24 месечно искуство во IT индустријата. Network+ Сертификатот не го верифицира вашето знаење како професионалец, ниту пак вашето познавање на компјутерски компоненти, туку бара поголем број вештини потребни за денешната мрежна околина.Програмата е развиена со поддршка од најголемите компании за компјутерски хардвер и софтвер, дистрибутери и препродавачи.
CompTIA Project+
Project+ Сертификатот е програма за тестирање, спонзорирана од CompTIA, којашто ја потврдува вашата компетентност и професионалност во IT Project Management-от. За да можете успешно да работите на IT проекти, курсот вклучува неопходно деловно познавање, интерперсонални вештини (вештини за меѓучовечки односи) и вештини потребни при проект менаџирање. Project+ не е програма наменета за продавачи на компјутерски компоненти ниту пак е наменета на некоја специфична група, туку е програма којашто ја подржува транзицијата на IT професионалците и организациите од "традиционални" во високо деловни. Курсот за Project+ којшто го нуди Александрија е пет-дневен курс за подготовка на студентите за Project+ испитот.
CompTIA Security+
Security+ е програма за сертифицирање којашто им овозможува на индивидуалците да се стекнат со основни вештини потребни во областа на Information Security (Безбедност на информации). Security+ е наменет за оние коишто се почетници во оваа област, а се во потрага по основно, но опширно, знаење.
|