“ Двата основни еквилајзери во глобалната економија се Интернетот и образованието. Интернетот создава нови можности за деловниот свет, индивидуалците и владите, a можностите ги искористуваат сите оние коишто се натпреваруваат со вистински вештини и знаење.”
John Chambers
President and CEO
Cisco Systems, Inc.
Cisco Networking Academy Program-от е сеопфатна e-learning програма која им дава можност на студентите да ги стекнат неопходните знаења и вештини за интернет технологиите кои се од фундаментално значење за денешната глобална економија. Мрежните Академии испорачуваат веб-базирани содржини, online испити, практични лабораториски вежби, настава под водство на инструктор и подготовка за индустриски сертификати.
Програмот е започнат во октомври 1997 година на 64 едукативни институции во 7 американски држави. Денес овој програм е проширен во над 150 земји, а од неговото започнување настава посетувале над 1.6 милиони студенти. Денес во светот постојат над 11.000 мрежни академии лоцирани во средни училишта, технички училишта, колеџи, универзитети...
Cisco Networking Academy Program-ата ги школува студентите за интернет технологиите, компјутерските мрежи, основите на информациските технологии, каблирање, Java и Unix. Курикулумот покрива широк спектар теми од тоа како да се состави компјутер, компјутерска мрежа па се до комплексни ИТ концепти како што се примена на напредни алатки за решавање проблеми. Курикулумот ја комбинира теоријата со праксата но, што е исто така многу важно, ги поттикнува студентите на тимска работа.
Едукативните институции, партнери во оваа програма, добиваат статусот на Мрежни Академии врз основа на видот на настава која ќе ја изведуваат.
Постојат 3 нивоа на тренинг:
- Cisco Академски Тренинг Центри (CATC)
- Регионални Академии (РA)
- Локални Академии (ЛА)
Експертите на Cisco се задолжени за школување на инструкторите кои потоа ќе изведуваат настава во Cisco Академски Тренинг Центри (CATC). Инструкторите на Cisco Академски Тренинг Центри (CATC) потоа се задолжени за школување на инструкторите на Регионалните Академии (РА), а овие пак потоа ги школуваат инструкторите на Локалните Академии (ЛА). Тогаш кога еден инструктор ќе ја заврши успешно обуката на Регионалната Академија стекнува право да им предава на студенти кои следат настава на Локална Академија.
Александрија работи и како регионална и како локална академија. Како регионална академија,
Александрија е одговорна за отворање нови локални Cisco академии а една од активностите е токму
школувањето инструктори. Како Локална академија, Александрија ја спроведува во пракса Cisco
Networking Academy Program-ата а наставата ја следат студентите на Академија на Информациони
Технологии.
|