| |
Групи на IT професии |
|
Како да се продолжи образованието во сферата на информатичката технологија?
Градењето кариера на полето на IT подразбира дизајн, развој, поддршка и управување со хардвер, софтвер, мултимедија и со услугите за интегрирање на системи. IT индустријата претставува динамична работна средина со претприемачки дух којашто има револуционерно влијание врз економијата и општеството. Покрај градењето кариера во IT индустријата, IT кариера може да се гради и во секој сектор на стопанството-од секторот за давање финансиски и медицински услуги до секторите за бизнис, градежништво и животна средина.
Секој оној кој се подготвува за градење кариера во IT сферата би требало да има солидни познавања од математика и природни науки. Да се гради IT кариера претставува предизвик и е нешто што подлежи на постојани промени. Оние кои работат во IT секторот набргу ќе откријат дека постојано имаат можности да учат и да работат со возбудливи и нови технологии коишто го трансформираат нашиот свет. Образование во сферата на IT може да се стекне на факултет (со четиригодишно школување), во стручни училишта и институти и во средни училишта. Дури и во време на економски пад, сеуште постои голема побарувачка на луѓе со IT вештини кои би работеле во организации со различен обем. Асоцијацијата за информатичка технологија на Америка (Information Technology Association of America- ITAA) известува дека работодавцITе во САД ќе треба да пополнат околу 1,1 милион IT работни места во текот на наредните 12 месеци. ITAA очекува континуиран пораст во IT сферата.*
Постојат четири патеки на кариера кај IT професиите и тоа: ц
Секоја од овие патеки нуди возбудливи и предизвикувачки можности за градење кариера. Идентификуваните знаења и вештини претставуваат цврста основа за постигнување успех во факултетското или средното образование или пак на работното место.
*Извор: Bouncing Back: Jobs, Skills and the Continuing Demand for IT Workers, ITAA, Mај, 2002.
|