Развивачот на апликации, попознат како програмер, развивач на софтвер, помлад софтверски инжинер, развивач на веб или виш систем аналитичар, е IT професионалец којшто создава програми за веб, за даден оперативен систем или пак за специјализиран уред, како на пр. киоск, индустриска опрема или рачна единица за снимање.
Обврските на еден развивач на веб подразбираат специфизирање на продуктот, креирање на систем којшто ќе е во согласност со направената спецификација, како и кодирање, тестирање и одржување на продуктот. Комплексноста на модерните системи, како и надмоќноста на различните стручни тимови, од развивачот на пликации бара интерперсонални вештини. Иако програмирањето е основна карактеристика на ова работно место, сепак од голема важност за еден развивач на апликации е да знае да се претстави на состаноци коишто може да се електронски, телефонски или лице в лице. Исто така, од него се бара да е ефикасен и ефективен кога станува збор за работа со тековната документација.
Вие може да станете развивач на апликации доколку имате универзитетска диплома од компјутерски науки или компјутерско инжинерство, или пак имате диплома од вишо образование од некој локален технички институт. Меѓутоа, некои развивачи на апликации се стручни и успешни во ова поле и без ваков тип на образование. Во секој случај, за да успеете во оваа работа вие треба да имате математички кликер, да сте склони кон уметноста, да обрнувате внимание на детали, да ги разбирате основните бизнис потреби и да умеете да решавате проблеми.
Искуството е многу важно за еден развивач на апликации, колку е поискусен, толку повеќе го ценат. Со вистинска комбинација на обука и искуство, лесно може да напредувате во кариерата како развивач на апликации. Кога ќе поминете извесно време работејќи како развивач на апликации, може да продолжите да го надоградувате своето знаење за една или повеќе технички алатки и процедури, или може да превземете менаџерска улога како на пр. систем инжинер или проект менаџер. Кога ќе се искачат погоре на скалата, најдобрите развивачи на апликации се многу авторитативни и нивното мислење е многу ценето.
Платата зависи од вештините коишто ги поседувате, од вашето искуство и местото кадешто работите. Сепак еден талентиран развивач на апликации може да достигне и плата од околу $75,000 USD.
|