Англиски јазик за возрасни

Сакате да напредувате во својата професија? 21 век е ера на информации и глобализација и е незамислив без англискиот јазик и користењето компјутери.  Ако досега немате учено англиски, не е доцна да почнете. Располагаме со голем број курсеви, специфично дизајнирани за потребите на различни типови корисници, од апсолутни почетници до деловна комуникација.

  Побарајте бесплатна проверка
Јавете се уште денес на некој од нашите телефони (02) 307 3443/2 и побарајте бесплатна проверка на степенот на знаењето на Вашиот англиски јазик. Врз основа на Вашето барање некој од нашите професор(к)и ќе Ви подготви бесплатно тестирање и врз основа на добиените резултати ќе Ви препорача соодветен курс за:

  • Општ англиски јазик

Овие курсеви ќе ги подобрат Вашите способности за слушање, зборување, читање и пишување, ќе го збогатат Вашиот вокабулар и ќе го подобрат знаењето и користењето на граматиката. Курсевите вообичаено се изведуваат два пати во неделата по 2 часа и се на располагање во неколку степени од почетно до напредно ниво.

  • Деловен англиски јазик

Англискиот јазик е јазик на меѓународниот бизнис. Во овој глобализиран свет, неговото ефективно користење станува од суштинско значење ширум светот. Овие курсеви за фокусирани на англиски јазик во деловно опкружување а ќе  ги развијат вештините за слушање, зборување, читање и пишување а ќе ја го подобрат знаењето и користењето на граматиката. Освен тоа, овие курсеви го подобруваат и вокабуларот со зборови од оваа сфера.

  • Курсеви за конверзација

Без оглед на степенот на познавање на англискиот, секогаш постои простор за напредување. Курсевите за конверзација се идеална можност да си го освежите јазикот и да добиете самодоверба во комуникацијата. За време на овие часови посетителите се охрабруваат да ги практицираат своите говорни вештини преку групна работа и дискусии на одредени стимулативни теми.

  OnLine Placement Test
Сите слушатели се поделени во групи во зависност од степенот. Секој нов слушател задолжително поминува кус тест на кој се утврдува степенот на познавање со цел да се постави во најсоодветната група. Ако иматe густ распоред на обврски и многу малку време на располагање, еден поголем дел од тестирањето можете да се направите и OnLine, со помош на стандардизираниот тест за англиски јазик. Се што треба да направите е да одвоите не повеќе од 1 час. По завршување на тестот, резултатите ќе Ви бидат испратени веднаш по e-mail.

  Групна обука – економична алтернатива
На повеќето наши слушатели групната обука не само што им е финансиски поисплатлива во однос на приватната обука, туку им е и позабавно странскиот јазик да го учат во друштво со други луѓе. Затоа Александрија нуди обука во мали групи во кои учењето англиски е вистинско доживување.

  Предности

  • Финансиска исплатливост
  • Учење преку мотивирачки активности
  • Мали групи (до 10 посетители) што овозможува поголема можност за изразување и внимание од страна на професорот

Формулар за пријавување