Англиски јазик за млади слушатели
Започнете со градење подобра иднина на Вашите деца денес. Нашите курсеви го зацврстуваат јазикот научен на училиште и ги подобруваат комуникациските способности на Вашето дете.

  Ефективни курсеви
Учењето англиски јазик во Александрија е активност во која децата уживаат. Веруваме во тоа дека децата учат подобро кога се релаксирани, заинтерани и активно вклучени во наставниот процес. Нашиот “комуникациски пристап” им овозможува на децата да имаат подобра интеракција со наставникот и соучениците. Во Александрија нудиме курсеви за нашите млади слушатели, дизајнирани така да соодветствуваат и на возраста и на степенот.

  Материјали
Нашите наставници работат со најдобрите материјали кои се на располагање и ги дизајнираат курсевите врз основа на нив. Тие, во својата работа користат аудио, видео и компјутер за да ги задоволат потребите на нашите ученици.

  Курсеви
Курсевите за млади слушатели во Александрија се поделени на 3 групи:

  • Предшколска возраст (за возраст од 5 до 6 години)
  • Јуниори (за возраст од 7 до 11 години – I-IV одд.) и
  • Тинејџери (за возраст од 12 до 16 години - V-VIII одд.)

Курсевите траат два семестра од по 4 месеца. Главните уписи се изведуваат во првата половина на септември, а приклучување кон групите е можно и подоцна (во летниот семестар) во зависност од расположивите слободни места.

  Placement test
Учениците се поделени во групи во зависност од степенот. Сите нови ученици задолжително поминуваат кус тест на кој се утврдува степенот на познавање со цел ученикот да се постави во најсоодветната група.

  Нашите курсеви:

  • ќе ја подобрат способноста за комуникација на Вашето дете
  • ќе го зацврстат она што Вашето дете веќе го учи на школо
  • ќе ја зголемат неговата самодоверба

  Вашето дете ќе ужива придобивки од:

  • квалитетни наставници
  • најдобри материјали
  • најдобри услови

  Тестови, испити, извештаи
Во текот на учебната година професорот внимателно го следи напредувањето во учењето на Вашето дете а Вие како родител редовно ќе добивате извештај за редовноста во присуството, изработката на домашните работи и резултати од контролните тестови. На крајот на семестарот се врши и финално тестирање а оние кои ќе го положат завршниот испит ќе добијат диплома за завршен степен.

Формулар за пријавување