Англиски јазик за организации
Имате потреба да го подобрите англискиот на Вашиот персонал? Можеме да Ви помогнеме со голем број курсеви за деловни корисници. Располагаме со голем број курсеви, специфично дизајнирани за потребите на деловните корисници.

  Побарајте бесплатна проверка
Јавете се уште денес на некој од нашите телефони (02) 307 3443/2 и побарајте бесплатна проверка на степенот на знаењето на англискиот јазик на Вашиот персонал. Врз основа на Вашето барање некој од нашите професор(к)и ќе направи тестирање и анализа на јазичните вештини на Вашиот персонал и врз основа на добиените резултати ќе бидеме во можност да Ви препорачаме соодветни курсеви за:

  • Општ англиски јазик

Овие курсеви ќе ги подобрат Вашите способности за слушање, зборување, читање и пишување, ќе го збогатат Вашиот вокабулар и ќе го подобрат знаењето и користењето на граматиката. Курсевите вообичаено се изведуваат два пати во неделата по 2 часа и се на располагање во неколку степени од почетно до напредно ниво.

  • Деловен англиски јазик

Англискиот јазик е јазик на меѓународниот бизнис. Во овој глобализиран свет, неговото ефективно користење станува од суштинско значење ширум светот. Овие курсеви за фокусирани на англиски јазик во деловно опкружување а ќе  ги развијат вештините за слушање, зборување, читање и пишување а ќе ја го подобрат знаењето и користењето на граматиката. Освен тоа, овие курсеви го подобруваат и вокабуларот со зборови од оваа сфера.

  • Курсеви за конверзација

Без оглед на степенот на познавање на англискиот, можеме да ги развиеме способностите за слушање и зборување на Вашиот персонал. За време на овие часови посетителите се охрабруваат да ги практицираат своите говорни вештини преку групна работа и дискусии на одредени стимулативни теми.

  • Специјализирани курсеви
    • Англиски за меѓународно банкарство и финансии
    • Англиски за хотелиерство и туризам
    • Англиски за деловни секретарки

  OnLine Placement Test
Сите слушатели се поделени во групи во зависност од степенот. Секој нов слушател задолжително поминува кус тест на кој се утврдува степенот на познавање со цел да се постави во најсоодветната група. Ако Вашите вработени имаат густ распоред на обврски и многу малку време на располагање, еден поголем дел од тестирањето можете да се направите и OnLine, со помош на стандардизираниот тест за англиски јазик. Се што треба да направите е да се јавите на некој од нашите телефони и да побарате да Ви организираме бесплатно OnLine тестирање. По завршување на тестот, резултатите ќе Ви бидат испратени веднаш по e-mail.

  За кого се наменети овие курсеви?

  • За организации со хомогени групи соработници кои имаат ист степен на предзнаење и исти јазични цели
  • Проектни тимови, чии членови доаѓаат од различни организации

  Обука во Ваши простории
Подготвена за зафатени професионалци, обуката за англиски јазик во Ваши простории Александрија Ви ја става на располагање речиси секој работен ден. Нашите професор(к)и ќе дојдат кај Вас да одржат настава во време кога е најсоодветно за Вас. Наставата т.е. програмата, вокабуларот и терминологијата се прилагодени според Ваши индивидуални потреби. Нашите професор(к)и константно го следат напредувањето на секој студент и се грижат за задоволството на клиентите.

  Предности

  • Финансиска исплатливост
  • Учење преку мотивирачки активности
  • Мали групи (до 10 посетители)
  • Наставата може да се изведува и во Вашата организација
  • Програмата е прилагодена на Вашите потреби по содржина, термин, траење и распоред
  • Во групата нема слушатели однадвор кои би влијаеле на динамиката на групата и брзината на учење
Формулар за пријавување