Англиски јазик
Катедрата за Англиски јазик е основана 1996 година , а курсевите кои оваа катедра ги организира наменети им се и на возрасните и на децата. Меѓу многубројните (задоволни) посетители се и голем број државни институции, Владата на РМ, голем број општествени и приватни правни лица.

Наставата на Катедрата за англиски јазик се изведува според наставна програма изработена од голем тим специјалисти од Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија. Овие наставни програми се едни од најквалитетните што постојат, а по нив англискиот јазик го учат и децата и возрасните во речиси сите земји од неанглиско говорно подрачје.

Наставата на катедрата за англиски јазик ја изведуваат професионални инструктори (професорки по англиски јазик, наставна насока на Филолошкиот факултет во Скопје), а нивниот избор (и реизбор) е во согласност со меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001:2000 кои Александрија ги почитува.

Освен тоа, Александрија во својот состав има и педагог и психолог кои континуирано работат на стручната и педагошката надградба на наставниот кадар.


Учениците велат:
за професорката Маријана:
"Начинот на предавањата, уредноста и изгледот ми оставија посебен впечаток."

"Посебен впечаток ми остави трпеливоста на предавачот.”

"Таа е пријатна особа, секогаш подготвена да им помогне на учениците."

за професорката Марина:
"...подготвеноста на професорката, нејзината креативност и нејзината амбициозност да пренесе што е можно повеќе знаење...”

"Се' е во најдобар ред. Заради Марина доаѓам на англиски."

“Високо професионален однос кон слушателите на курсот, како и кон самата работа.”

за Александрија:
"Постои вистинска атмосфера за работа. Вистинско училиште!"

"Дојдете и ќе научите сигурно!"

"Персоналот е извонреден, особено наставниот - полн со ведрина и елан. Продолжете така!"

"Најдобри се! Другите секогаш го менуваат терминот и губат многу часови. Тука не е така. На идните клиенти им препорачуваме - само Александрија!"

“Хигиената е навистина извонредна, а персоналот доста љубезен."

“Нашата просторија е извонредна - нема таква во градов! Многу е пријатна за учење.”

Курсеви за возрасни
  • стандардни курсеви од 1-8 степен .... Headway

  • деловен англиски јазик

  • конверзација

  • TOEFL ....................................... www.toefl.org
динамика: 2 пати неделно по 2 школски часа
Курсеви за млади
  • возраст од 4 до 7 години ................. ZIG-ZAG

  • возраст од 7 до 8 години ...............Chatterbox

  • возраст од 8 до 10 години ..................... Wow!

  • возраст од 11 до 14 години ............ Streetwise
динамика: 2 пати неделно по 60 минути
Специјални услуги
  • Приватна обука: (1-1)

  • Обука во Ваши работни простории

  • Изнајмување училници

  • Тестирање практични знаења
Информации за упис во учебната 2008/2009
Почеток на семестар 18 септември
Пред-тест Задолжителен, освен за 1 степен
Тестирања и уписи Секој работен ден
Последен рок за упис 17 септември
Големина на група од 8 до 12
Работни материјали Вклучени во цената на курсот
Финално тестирање На крајот на секој семестар
On-line пријавување Кликнeте овде и во прозорецот за e-mail што ќе Ви се отвори оставете ги своите податоци:
- име и презиме и
- фиксен и мобилен телефон

Набрзо потоа очекувајте телефонски повик од некоја од нашите професорки.
Услов за стекнување диплома за завршен степен
  • Редовност во следењето настава

  • Редовност во работењето домашни задачи

  • Успешно положен финален тест