| |
За Adobe |
|
Може да е многу тешко да се биде препознатлив и да се оди напред на денешниот пазар. Потребен ви е јасен и силен начин со којшто ќе му ги покажете на светот своите квалитети и компетентност. Има ли решение? Да! Станете Adobe® Сертифициран Експерт (ACE). Станува збор за индустриски стандард со којшто докажувате одлично знаење во областа е едноставно најдобриот начин да ја покажете својата компетентност за водечките продукти на Adobe.
Што значи кога некој е ACE?
Adobe Сертифицираниот Експерт е човек којшто покажува одлично знаење за најмалку еден од софтверските продукти на Adobe. За да станете ACE, Вие мора да положите еден или повеќе испити за тестирање на вашите вештини при работата со еден од продуктите на оваа програма и мора да сте согласни со долунаведените услови.
Како индивидуалец ACE акредитивот ви дозволува да:
- Се разликувате од вашите конкуренти
- Имате препознатливо CV
- Привлешете и добиете нова работа
- Добиете признание за компетентност од вашиот работодавец
- Влијаете на моќта на Adobe брендот
Како организација, со употребата на ACE акредитивот како референтна точка Вие можете да:
- Најдете вистинска личност за даденото работно место
- Лесно да го оцените нивото на знаење на кандидатите
- Ги промовирате и инвестирате во Вашите најдобри работници
Постојат три нивоа на сертифицирање за да се здобиете со титулата Adobe® Сертивициран Експерт. Одберете го она коешто вам најмногу ви одговара.
Сертифицирање за еден од продуктите
Го потврдува вашето знаење за еден од продуктите на Adobe. За да се квалификувате како ACE, Вие треба да положите еден од испитите како на пр.: ACE, Adobe InDesign® CS
- Специјалистички сертификат: Го потврдува вашето знаење за одреден медиум: print, веб, или видео. За да се сертифицирате како специјалист, Вие мора да ги положите испитите за бараните продукти коишто се наведени подолу.
На пример: ACE Print Specialist (со положување на тестовите за Adobe InDesign, Adobe Acrobat®, и еден од испитите за Adobe Photoshop® или Adobe Illustrator®)
- Мастер сертификат: Го потврдува вашето знаење за пакетот на Adobe продуктите. За да се сертифицирате како Мастер (учител) Вие треба да ги положите испитите за секој од продуктите во пакетот.
На пример: ACE, Creative Suite Master (со положување на тестовите за Adobe Acrobat, Adobe GoLive®, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, и Adobe Photoshop)
|