| |
|
TechnoCity |
|
|
Во овој проект учениците прават мултимедијален извештај за градот во кој живеат. Користејќи го програмот Microsoft PowerPoint, учениците создаваат слајдови кои ги илустрираат информациите за нивниот град. Нивниот извештај вклучува карта на улиците и метеоролошки извештај . Учениците учат како да вметнат и потоа да форматираат графики и текстови од кои ќе се состои секој слајд. Со цел да се добие одличен извештај во презентацијата се додаваат анимации и постепени премини од еден кон друг слајд.
|
| |
|
Технички вештини : мултимедија, обработка на текст
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини, наука
Софтверски апликации : Microsoft PowerPoint
|
| |
|
|
| |
|
TechnoBook |
|
|
Во овој проект учениците издаваат книги. Работејќи со разнобојни урнеци тие ги учат основните вештини за обработка на текст што им овозможува да уредуваат, куцаат и илустрираат страници. Фокусот врз позицијата и функцијата на копчињата на тастатурата овозможува учениците не само да станат автори туку и да се стекнат со дактилографски вештини.
|
| |
|
Технички вештини : обработка на текст
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини
Софтверски апликации : Microsoft Word |
| |
|
|
| |
|
TechnoPet |
|
|
Во овој проект учениците се вработени во една новотворена продавница за домашни миленичиња Bruno Dog Shop. Нивната работа се состои во едукацирање на муштериите околу негата на домашните миленичиња. Тие треба да дизајнираат брошура со информации за одредено домашно милениче. За оваа доделена задача учениците треба да спроведат истражување за миленичето кое го имаат или би сакале да го имаат. Откако ќе се стекнат со одредено знаење тие треба користејќи го Microsoft PhotoDraw да направат брошури со кои ќе ги привлечат купувачите да научат нешто за нивното домашно милениче. Учејќи ги основите на компјутерското издаваштво (DTP, DeskTop Publishing) учениците ги распределуваат елементите во брошурата за таа да биде што попривлечна и пополна со информации.
|
| |
|
Технички вештини : >компјутерско издаваштво (DTP)
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини
Софтверски апликации : Microsoft PhotoDraw |
| |
|
|
| |
|
TechnoArtist |
|
|
Во овој проект учениците стануваат инспирани уметници кои подготвуваат своја сопствена уметничка збирка. Како уметници, учениците создаваат ремек дела користејќи разни медиуми и уметнички стилови. Користејќи го персоналниот компјутер тие ја подобруваат својата способност за користење на глувчето и го надградуваат своето основно компјутерско знаење преку експерименти и истражувања и создаваат интересни дела. Низ целиот овој проект учениците учат како да го користат компјутерот како помагало за создавање графички уметнички дела. Компјутерскиот софтвер Microsoft Paint се користи за надминување на границите на конвенционалните алатки за цртање и ја буди имагинацијата на учениците и стимулираат свесност за уметнички елементи. Овој проект има за цел да ја разбуди уметничката инспирација и креативноста кај секој ученик.
|
| |
|
Технички вештини: графика
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини, историја
Софтверски апликации : Microsoft Paint |
| |
|
|
| |
|
TechnoAuthor |
|
|
Во овој проект учениците стануваат писатели на приказни. Учениците ја користат софтвер апликацијата Microsoft Word за да направат своја сопствена книга со приказни. За да се подготват учениците за овој прокет, тие учат како да форматираат текст и како да вметнат и обработат слика. Покрај тоа учениците ги учат деловите од кои се состои секоја типична приказна. Пред пишувањето учениците користат план за органи-зирање на нивните идеи кој им помага хронолошки да ги наредат настаните од приказната. Откако ќе ја напишат и илустрираат својата приказна учениците ја проверуваат користејќи проверка на правописни и граматички грешки. Нивната приказна потоа е издадена и со тоа тие се чувствуваат горди кога ќе им ја прочитаат на нивните роднини и пријатели.
|
| |
|
Технички вештини: обработка на текст
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини
Софтверски апликации: Microsoft Word
|
| |
|
|
| |
|
TechnoIllustrator |
|
|
Во овој проект учениците ја земаат улогата на илустратори. Како техноилустратор тие ќе се здобијат со разноврсни вештини во полето кое го проучуваат. Учениците ќе изучуваат два графички програми кои ќе им овозможат дигитално да средуваат слики и да креираат интересни ефекти. Со зачувување на секој проект ќе им се овозможи да се здобијат со повеќе материјали за уметничко портфолио. Учениците ќе работат со дигитална слика користејќи ефекти за фотографско уредување. Максимизирајќи ги алатките за уредување во Photo Editor, учениците ќе ја изменат дигиталната слика во стилот на Picaso. Користејќи го Microsoft Paint учениците ќе прикажат техники на уредување во областа на сликарството за да добијат ефекти на анимиран филм, пиксел по пиксел, користејќи ги само копчињата на глушецот за менување на боите учениците успешно ќе создадат апстрактен уметнички проект во две бои кој го рефлектира нивното расположение. Создавањето портфолио од нивните слики во Microsoft Paint ќе биде успешен приказ за нивните достигнувања.
|
| |
|
Технички вештини : графика
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини, историја
Софтверски апликации : Microsoft Paint, Photo Editor |
| |
|
|
| |
|
TechnoCreate |
|
|
Во овој проект учениците создаваат фантастични креации со помош на компјутерот. При нивното усовршување како графички уметници учениците креираат постери кои го привлекуваат вниманието, благо-дарници, дипломи и картички со имиња. Користејќи го програмот Microsoft PhotoDraw применуваат дизајнерски ефекти, ги обојуваат формите и го уредуваат текстот создавајќи убави дела. Совладувајќи ги техниките на компјутерско издаваштво (DTP) учениците создаваат дела во кои се застапени слики и текст, добро усогласени меѓу себе со што делуваат привлечно.
|
| |
|
Технички вештини : компјутерско издаваштво (DTP)
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини
Софтверски апликации : Microsoft PhotoDraw |
| |
|
|
| |
|
TechnoCop |
|
|
Во овој проект учениците ја земаат улогата на полицаец. Зачленувањето на учениците во TechnoCop полицијата започува со креирање на значка. Потоа учениците ќе анализираат криминални дејствија пребарувајќи во документацијата на TechnoCop полицијата, расветлувајќи го случајот и наоѓајќи ги “криминалците”. Овој проект е важен, бидејќи учениците се стекнуваат со вештина во работа со бази на податоци. Тие учат како да внесат, најдат и анализираат податоци од TechnoCop базата на податоци.
|
| |
|
Технички вештини: бази на податоци, графика
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини, математика
Софтверски апликации : Microsoft PhotoDraw , Access |
| |
|
|
| |
|
TechnoGallery |
|
|
Во овој проект учениците стануваат уметници кои создаваат уметнички дела и ги прикажуваат во “Techno” галеријата со помош на PowerPoint презентација. Учениците создаваат и составуваат збирка од нивните омилени уметнички дела во редослед во кој сакаат да ги прикажат во нивната сопствена мултимедијална галерија. Збирката се состои од автопортрети и слики на нивни омилени предмети. Учениците на овој начин се здобиваат со контрола врз глувчето како и со владеење на графички софтвер апликации, создавајќи уметнички дела кои јасно го прикажуваат нивниот талент. Сликите ја освојуваат публиката и таа добива впечаток дека галеријата е “во живо”. Овој проект им помага на учениците да се стекнат со сигурност при работата со компјутерот...
|
| |
|
Технички вештини: графика, мултимедија, обработка на текст
Интеграција на технологија : јазични вештини, визуелни вештини
Софтверски апликации: Microsoft Paint , PowerPoint
|